Таман кога на фановите на „Гладијатор“ им минал шокот поради неговиот нов изглед, голем стомак и долга брада, папараците го сликале Расел Кроу во полошо издание. Глумецот уживал во Дизниленд, а холивудските медиуми неговиот изглед го опишале како „за жалење“.
Еден од најпосакувните мажи во Холивуд веќе долги години не е пожелен, што неодамна го потврдил и со својот изглед. Расел е сликан за време на посетата на Дизниленд, каде уживал со своето семејство, но многумина не го препознале.
Она поради што е дополнитлено непрепознатлив е и долгата, запуштена брда, па Кроу изгледа како просечен Американец во средни години.Холивудските медиуми неговиот изглед го опишале како „за жалење“, а многумина се чудат што себе си дозволил ваква промена.
Сепак, глумецот има оправдување за тоа. Улогата на мускулестиот Римјанин во филмот „Гладијатор“ Расел ја заменил со нова улога поради која морал драстично да се поправи.
Имено за потребите на снимањето на филмот „Boy erased”, во кој глуми со Никол Кидман, а чиј премиера се очекува во почетокот на ноември, глумецот морал да го промени личниот опис. Слично направил и за филмот „Добри момци“ во 2016. година.Но, потоа за седум месеци ослабнал 24. килограми и дошол до 98.