(ВИДЕО+ФОТО) „Публиката аплаудира, но ништо не слушам, со години читам од усни“: Тереза ​​Кесовија проговорила за губењето на видот и слухот


Пејачката Тереза ​​Кесовија проговорила за здравствените проблеми…
Пејачката Тереза ​​Кесовија пред еден месец наполни 86 години, а роденденот го прослави во болница. Пејачката во октомври беше хоспитализирана поради долготрајна температура и мачнини, а по излегувањето од болница открила дека со години ги губи видот и слухот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria (@gloria.hr)


„Првпат отидов на операција на увото во 2008 година. Во Загреб, па во Париз. Оттогаш користам слушно помагало, без него сум изгубена“, изјавила пејачката за хрватското издание на магазинот „Глорија“ и додала:
„На пример, после концерт гледам како публиката воодушевено аплаудира, но јас воопшто не слушам ништо. Би се концентрирала, со години читам од усни кога некој зборува, но поинаку е кога слушаш глас. Се навикнав на слушни помагала, па не го ни забележувам тоа, тоа е моја вродена упорност“.


Тереза ​​Кесовија додала дека не се обидела да го сокрие фактот дека денес користи слушно помагало, а истакнала дека видот и е слаб што и го отежнува читањето.
„Можам да пишувам и читам пораки со помош на најсовремен уред кој ги максимизира буквите. Но, кога земам книга, морам да ја оставам настрана, бидејќи екранот на овој уред не е многу голем и навистина е непријатно за читање, но тоа е моја страст, исто како и пеењето, уживам во книгите од мали нозе“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …