Американската актерка Анџелина Џоли прошетала по црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и го привлекла вниманието на сите присутни благодарение на едноставно, но ефектно модно издание.
View this post on Instagram
Таа носела балска тоалета без прерамки од колекцијата есен/зима 2025 на Brunello Cucinelli, украсена со плетен дезен и светки.
Нејзините тетоважи на рацете и грбот биле во преден план. Со ова издание, таа докажала дека комбинацијата од елегантен фустан и тетоважи може да изгледа навистина добро. Таа се одлучила за рамна исфенирана фризура и шминка со природни бои.
View this post on Instagram
Таа се насмевнала и позирала за присутните фоторепортери, а потоа се упати кон премиерата на филмот „Едингтон“ во режија на Ари Астер, кој е во натпреварувачката програма.
Канскиот филмски фестивал трае до 24 мај. Ова е негово 78-мо издание, а во натпреварувачката програма се вклучени 19 филмови. Уметничкиот директор на Канскиот филмски фестивал, Тиери Фремо, изјавил дека фестивалот годинава примил рекордни 2.909 пријави.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни