За потребите на новата рекламна кампања на нејзиниот бренд Savage X Fenty, Ријана позирала во долна облека, а од обожавателите собрала бројни комплименти за својот изглед.
Таа е фотографирана во градник и гаќички со леопард принт. Косата ја обои во сина боја, а изгледот го комплетираше со впечатлив црвен кармин и накит.
Иако одлично и оди во светот на модата и убавината, некои обожаватели и порачале дека сега е време да се врати на музичката сцена. Својот последен албум го издаде во 2016 година.
View this post on Instagram
„Дефинитивно најубавата жена на планетата“, „Колку си убава“, „Ви благодарам што ми го разубавивте денот со овие фотографии“, „Не маѓепсавте со вашата убавина, но само да ве потсетам дека очекуваме албум“ , се дел од коментарите.
Пејачката го основаше брендот Savage X Fenty во 2018. Неговата вредност беше проценета на една милијарда долари пред три години.
View this post on Instagram
Ријана претходно изјави дека го создала споменатиот бренд со цел да промовира различност во големини и бои. Нејзините колекции ги носеле многу познати дами, меѓу кои Џиџи и Бела Хадид, Нормани, Келани и многу други.
View this post on Instagram
Соработникот на пејачката Адам Селман во новото интервју за Harper’s Bazaar изјавил:
„Кога го основаше брендот, немаше деца. Сега има две и очигледно е светска ѕвезда. Таа постојано прави различни работи и мислам дека тоа навистина бара поинаков начин на живеење”.
Фото: Принтскрин/Instagram/badgalriri