Шпанецот направил тактика врз основа на тоа дека Новак нема да издржи. И колку само погрешил!
Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкарзо во епска борба во четвртфиналето на Австралија Опен, со 3:1 во сетови! Со пласманот во полуфиналето против Александар Саша Зверев, Србинот направи уште еден чекор кон трофејот, испиша уште многу страници историја… И го направи веројатно најважното – покажа дека деценија и пол помлади тенисери ќе мора уште долго да сметаат дека најголемиот на сите времиња ќе биде тука да ги победува.
View this post on Instagram
По бурниот четврти сет, во кој имаше нервозни реакции и кон својот бокс, тренерот Енди Мареј, Ѓоковиќ отворено проговори за тактиката. И му даде бесплатен совет на Алкараз – следниот пат повеќе да се грижи за својата игра отколку за неговата, бидејќи се обидувал да го измори Новак, да ги искористи годините, сметајќи дека нема да издржи… И колку само згрешил.
View this post on Instagram
„Вистина е дека во ваквиуации се обидуватеда направите повеќе. Не сакав да останам долго во нашите размени, тој ме гледаше мене повеќе од себе, гледаше како се движам, играше дроп шотови, а се обидуваше да ме развлече, а јас одиграв одличен меч, добив неколку тешки поени и добив елан. Почнав да се движам подобро на почетокот на третиот, да се лизгам и да останам подолго во размената, така што во четвртиот беше игра на мачка и глушец. Тогаш почувствував поголема болка, па морав повторно да земам лек. Многу сум горд на себе. Алкараз е неверојатен натпреварувач и ова е голема победа“, рекол Новак Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
Новак сега ќе има не еден, туку два дена одмор до полуфиналето и ќе ги искористи да се опорави и да се подготви за уште еден спектакл во Мелбурн – дуел против вториот тенисер во светот Саша Зверев.
Фото: Принтскрин/Instagram