(ВИДЕО+ФОТО) По разводот имала 2 деца и 500 денари во џебот: Самохрана мајка успеала да изгради куќа поради која светот и се восхитува

Бриони не криела дека продала се што има за да купи приколка, која ја претворила во функционален мал дом за себе и за нејзините две деца.
Пред 8 години, Бриони била разведена и останала без покрив над главата со две мали деца, на возраст од 6 и 12 години. Во тој момент имала само 500 денари во џебот и сериозни стравувања дали ќе може да преживее.


Таа вели дека преуредувањето на приколката и помогнало да излезе од депресијата. Она што е неверојатно е што во моментот кога останала без ништо, решила да го продаде она малку што го има: кревет, биро, компјутер – сè и да купи приколка што ја реновирала со години, додека не добила луксузна малечка куќа.


Куќата е изградена на 1 ниво, висока е преку два метра, има огромни прозорци кои пуштаат светлина во куќата, а внатре секој детал е внимателно осмислен. Спална соба и бања во стил на одморалиште, раскошна кујна и паметно интегрираната канцеларија го прават овој дом функционален и убав.
Она што е уште подобро во целиот овој проект е тоа што Бриони се нашла на совршено место за паркирање за да ја постави својата куќа: имено, изнајмила простор веднаш до плажата, за нејзините деца да можат да сурфаат и да уживаат во морето колку што сакаат.

 


Патем, нејзината работа станала наоѓање совршени места за паркирање за малите домови на тркала по кои Американците полудеа во последните неколку години.
Ова е приказна за издржливост, креативност и потрага по сон. Целата приказна погледнете ја во видеото подолу:


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен …