(ВИДЕО+ФОТО) По раѓањето на децата, Ријана се соочила со проблем кој погодува многу жени: „Никој не ми кажуваше за тоа“

Ријана, како и повеќето жени, се соочила со бројни промени по раѓањето на децата…
Ријана неодамна отворено зборувала за справувањето со опаѓањето на косата по породувањето, велејќи дека никој не и објаснил дека откако ќе ги пречека нејзините синови, косата ќе почне да и паѓа.
Ријана го роди својот прв син, Рза, во мај 2022 година, а го дочека вториот син Риота Роуз во август минатата година. По второто раѓање се соочила со бројни промени, а еден од нив бил поврзан со косата.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


– Тоа го немаше на памфлетот. Не очекував дека тоа ќе се случи во бранови. Мислев дека тоа само ќе се случи и ќе порасне“, споделила Ријана со Refinery29.
Таа продолжила и рекла дека делови од косата и паднале и дека и било потребно време и трпение да го прифати тоа.


– Научив да го прифаќам тоа само по себе. Тоа всушност ме натера да станам малку покреативна и попаметна со нештата за косата.
Ријана зборувала и за можноста да го зголеми своето семејство. Зборувајќи за Е! Вести, се пошегувала дека заслужила пауза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

– Оставете ме да одам на карневал едно лето? Само едно лето, ве молам – се пошегувала таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата …