(ВИДЕО+ФОТО) По апсењето на раперот – Светот го потресуваат нови обвинувања за злоупотреба и педофилија: Дали и’ Џастин Бибер бил жртва?

По новите обвинувања и апсењето на американскиот рапер Пи Диди, социјалните мрежи беа преплавени со теории за неговите можни жртви, меѓу кои е Џастин Бибер, но и соучесници, каде се шпекулира за бројни холивудски ѕвезди.
Имено, раперот и музички магнат заслужен за започнувањето на кариерата на некои од најголемите ѕвезди во последниве години беше уапсен од федерални агенти во Њујорк во понеделникот, откако се соочи со повеќемесечни тужби во кои беше обвинет за трговија со луѓе, сексуална злоупотреба и силување.
Во обвинението објавено во вторникот наутро, федералните обвинители тврдат дека Шон Диди Комбс и неговите соработници им се заканувале, малтретирале и ги принудувале жените и другите околу него „да ги исполнат неговите сексуални желби“.
Низа обвинувања во тужбите против Комбс датираат од 1990-тите кога тој ја основал сопствената издавачка куќа Bad Boy Records, а меѓу нив е и силувањето на 17-годишна девојка, како и прашањата дали имало и други малолетни жртви.


Во таа насока, социјалните мрежи беа преплавени со видеа на Џастин Бибер, кој уште како тинејџер стана светска музичка ѕвезда. Една од спорните снимки раскажува детали од „48 тајни часови со Бибер“ на Пи Диди, кои многумина ги означија како особено вознемирувачки.
Потоа следеа клипови на кои се уште малолетниот Бибер е во прилично непријатни ситуации кои му ги подготвувале неговите постари колеги. Исто така, некои веруваат дека преку текстот на песната „Lonely“ Џастин всушност се обидел да каже низ што поминал.

Заедно со прашањето дали Џастин бил една од жртвите на Пи Диди, социјалните мрежи прашуваат и кои се неговите соучесници, земајќи ги предвид неговите пријателства со бројни музички и актерски ѕвезди.
На списокот на неговите соработници има личности како Мери Џеј Блајџ, Ештон Качер, Наоми Кембел, Џеј Зи, Џон Леџенд.

Покрај сето тоа, песната на Еминем за Диди повторно е популарна, а мрежите тврдат дека конечно го разбрале вистинското значење на еден од стиховите на раперот, кој си поигрувал со зборовите користејќи го терминот „rapper“ (анф.рапер – силувач, rapper – рапер).

@hollycockerill Eminem tried telling us #fyp #foryou #eminem #pdiddy ♬ original sound – Jeff Reckson ❤️

Исто така, вниманието го привлекло и молкот на Џенифер Лопез, која своевремено била во врска со Пи Диди, а според извори на Daily Mail, тимот на Лопез моментално е во состојба на готовност бидејќи очекува драма поврзана со целиот случај.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …