(ВИДЕО+ФОТО) Писмата на Грета Гарбо го откриваат нејзиниот осамен и тажен живот


Колекција од писма на американската актерка со шведско потекло Грета Гарбо, која наскоро ќе се најде на аукција, откриваат колку оваа најенигматична ѕвезда на Холивуд била осамена.


Колекцијата од 36. писма, напишани помеѓу 1930. и 1940. година ја прикажуваат Гарбо како „осамена и изолирана жена”, пренесува BBC. Гарбо, и покрај огромната слава, била дистанцирана од медиумите, а нејзиниот живот останал голема мистерија.
Писмата ќе се најдат на аукција на 12. тти декември од страна на лондонската аукциска куќа “Sotheby’s”.

Во писмата кои Грета им ги пишувала на своите блиски пријатели во Шведска, ја опишувала својата депресија, посакувајќи да го замени животот на Беверли Хилс со шведската природа.
“Последните неколку дена се сиви, а тоа ме тера да размислувам на Тистад. За летата таму кога врне дожд и кога нè обзема таа чудесна меланхолија”, напишала Гарбо во едно од писмата.
Таа напишала дека во Холивуд е речиси секогаш осамена и дека често знае да разговара сама со себе.
“Се возам по брегот и шетам и тоа е секогаш чудесно. Но, тоа е тоа”, напишала Гарбо во писмото за шведската грофица Марта Вахтмајстер во 1939 година.


Грета Гарбо снимила 28. филмови и била позната како „божество”, но и како мистериозна жена – таа одбивала да дава интервјуа, автограми, одбивала да се појавува на премиери и да одговара на писма од обожаватели.
По пензионирањето во нејзините 30.тти години, Гарбо се преселила во Њујорк и живеела сама во апартман на Менхетен. Никогаш не се омажила, ниту имала деца.
Откако во многубројни филмови ги бркала мажите од себе, говорејќи дека не и’ треба никој и дека сака да ја остават на мира, јавноста и’ ја припишала реченицатa: “Сакам да бидам сама!”, од филмот “Grand Hotel” како опис за нејзиниот живот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на играниот филм „Објаснување за се“ утревечер во Кинотека

Во четврток, на 24 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на …