Познатиот актер на островот Вис, Хрватска, стасал пред две недели за да го снима продолжувањето од хит мјузиклот „Mamma Mia: Here We Go Again“
На Пирс Броснан многу му се допаднало на Вис, а за тоа сведочи токму неговиот профил на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии од овој остров.
Броснан на островот Вис, Хрватска, стасал пред две недели за да го снима продолжувањето од хит мјузиклот „Mamma Mia: Here We Go Again“. Со него пристигнала и сопругата Кели Шеј Смит, а брачната двојка редовно одела во долги прошетки во текот на кои го истражуваат островот.
Објавил фотографија на која тие двајца уживаат во пловидба со бротче, а се пофалил и со погледот од неговата хотелска соба. Неговите обожаватели биле воодушевени со призорот и ги интересирало каде е тој.
Веќе првиот ден по доаѓањето на Вис Броснан се одомаќил со локалното население со кое пиел кафе, а им го покажал и своето умеење со цртање.
Го снимил и’ залезот на сонцето, напишувајќи дека цела екипа ги проживува најубавите денови во својот живот.