(ВИДЕО+ФОТО) Олимпиец по освоените медали на Олимпијадата се испокарал со мајка му: „Каде ми се парите?“

Филипинецот Карлос Јуло освои злато за својата земја на Олимпијадата, но неговиот успех брзо беше засенет.
Карлос Јуло беше најдобар во прескок и на партер, па така направил еден од најголемите подвизи за својата земја.
Откако ги освоил златните медали, многумина сакале да го наградат, па покрај паричната награда добил и стан, но и телефон, бесплатна колоноскопија до крајот на животот, доживотна залиха со храна…
Неговите пари досега ги стопанисувала неговата мајка и таму е сега проблемот.
Имено, Карлос изјавил дека неговата мајка лошо се снашла со парите, па ги продолжиле кавгите во бројни интервјуа и на конференции.
Сега кога добил дополнителни пари за освојувањето на златото, јавно ја прашал мајка си каде му се парите од претходните премии, бидејќи не ги добил. Таа исто така не ја прифаќала врската на Карлос со инфлуенсерка.

@carlosedriel @kulowi ʚ(╹.╹)ɞ ♬ original sound – Carlos Yulo


„Мојата порака до тебе, мамо, е дека се надевам дека ќе станеш подобра и ќе продолжиш понатаму. Ти простив одамна. Се молам секогаш да бидеш жива и здрава”, вели гимнастичарот во видеото.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by kulowi ʚ(╹.╹)ɞ (@chloeanjeleigh)


После тоа, мајката свикала конференција на која рекла дека целата ситуација треба да остане приватна и понудила помирување.
„Сега целата земја чека што ќе кажеме следно, иако оваа работа требаше да остане приватна. Јас не сум совршена мајка и Бог знае дека ти не си совршен син. Нема совршено семејство“, рекла таа.
Ниту еден од нив не се огласил по ова, а фановите на Карлос побарале од печатот да престане да известува за тоа бидејќи тоа фрла сенка на неговиот голем успех.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Шерифовиќ и приреди роденденско изненадување на својата мајка, а таа лееше солзи: „Сакаш да умрам”? 

„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, …