Брачен пар од САД, Хадсон и Емили, посетиле 167 земји ширум светот, а додека ги споделувале своите авантури на социјалните мрежи, препорачале и 20 дестинации кои мора да се посетат.
Парот, кој сака да ја посети секоја земја во светот до 2025 година, споделил дестинации кои мора да се видат во видеата објавени на нивниот профил на Инстаграм и објасниле за DailyMail што им се допаѓа во секоја земја.
Хадсон и Емили се во брак 11 години, а почнале да патуваат пред седум години кога таткото на Хадсон ненадејно починал од срцев удар. Тие рекле дека тоа им било потсетник за тоа колку е краток животот.
Меѓу земјите што ги препорачуваат за посета се:
Аргентина – Двојката вели дека Патагонија, регион со кој управуваат Аргентина и Чиле, „не е како ниту едно друго место во светот“ и дека водопадите Игуазу, на границата на аргентинската провинција Мисионес и бразилската држава Парана, се најубава на светот. Тие додадле дека Буенос Аирес е „неверојатен град“.
Швајцарија – Според парот, Швајцарија е една од најубавите земји во светот, каде секоја прошетка и возење со воз го одземаат здивот.
View this post on Instagram
Индонезија – Парот вели дека Индонезија мора да се види поради нејзините прекрасни острови како Бали и Раџа Ампат во комбинација со вулкани како планината Бромо.
Исланд – Тие забележуваат дека Исланд е „една од најлесните земји за патување и гледање вулкани, водопади, лагуни, плажи со црн песок и многу повеќе“.