Меланија Трамп се појавила и на собирот на републиканците каде Трамп ја прифатил третата републиканска претседателска номинација.
Сопругата на Трамп, која во последно време ретко се појавува во јавноста, се појавила во црвена комбинација и со него разменувала прегратки и бакнежи, а се држеле и за рака.
„Длабока сум почестен што мојата неверојатна сопруга Меланија ми се придружи на ова патување. Ти благодарам Меланија и ти благодарам за твоето прекрасно писмо до Америка во кое повикуваш на национално единство. Тоа плени многумина“, ѝ рекол Трамп на својата сопруга од сцената, навраќајќи се на нејзиното писмо до јавноста по пукањето во Трамп.
Меланија потоа добила аплауз од салата и со насмевка ги поздравила сите собрани.
Со години има многу шпекулации за врската меѓу Меланија и Трамп. Уште кога беше претседател на САД, се натрупале приказни за наводни тешкотии во бракот, ладен однос, па дури и развод. Ова главно беше поттикнато од нивниот ладен однос пред камерите.
Имено, Меланија била снимена неколку пати како како таа одбива да се ракува со Трамп. Сепак, се чини дека сепак решиле да ја покажат својата блискост за овој настан.
Фoтo: Принтскрин/YouTube