Германската манекенка Клаудија Шифер на 25 август наполни 54 години, а роденденот го одбележа со видео во кое ја гледаме во бикини.
Супермоделот Клаудија Шифер го прослави својот 54-ти роденден на одмор во Грција, а по тој повод своите следбеници ги почести со експлозивна фотографија од костим за капење. Една од најбараните манекенки на сите времиња позираше во бело бикини и гордо ја покажа својата неверојатна фигура.
View this post on Instagram
„Грчката пеперутка се врати оваа година за мојот роденден. Ви благодарам за сите слатки пораки“, напиша таа покрај видеото, заблагодарувајќи им се на фановите за честитките.
Клаудија Шифер е мајка на три деца, синот Каспар и ќерките Козима и Клементина. Ги добила во брак со британскиот режисер Метју Вон.
Многу луѓе се прашуваат која е тајната на совршената фигура на Клаудија Шифер.
Иако признава дека понекогаш и е тешко да им одолее на своите пороци, црвеното вино и чоколадото, верувале или не, Клаудија Шифер никогаш не била на диета, но сепак се грижи за исхраната.
„Не сум од оние среќни жени кои можат да јадат што сакаат без несакани ефекти, па затоа морам внимателно да го планирам моето мени. Јадам три оброци на ден, избегнувам грицки помеѓу нив, како и кофеин и алкохол. Започнете го денот со овошје бидејќи брзо се вари и го чисти организмот“, изјавила своевремено Клаудија.
View this post on Instagram
Таа го намалила дневниот внес на калории така што јадела само овошје и зеленчук пред пладне, пиејќи сокови од домати и грејпфрут и билни чаеви. За ручек јаде салати, зеленчук или супа, а за вечера протеини во форма на пилешко или риба.
Фото: Принтскрин/Instagram