(ВИДЕО+ФОТО)„НЕ МОЖАМ ДА ВЕРУВАМ! БЛАГОДАРАМ ПРИЈАТЕЛЕ!”: Новак Ѓоковиќ се шокирал кога овој Аргентинец му пријде

Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро, уште еднаш. За „своја душа“. На збогување на големиот Аргентинец од тенисот. И пред тој меч – на улицата во Буенос Аирес – Ноле бил изненаден.
Секако, не било првпат Новак да биде опкружен со толпа фанови, но …

Овој пат еден тип се истакнал.


Тој го привлекол вниманието на Ноле на она што му било на ногата.

А тој имал тетоважа на Новак Ѓоковиќ.
– Не ми се верува! Ти благодарам пријателе, ти благодарам! – му рекол Ноле, додека обезбедувањето го придружувало понатаму.
– Благодарам, одговорилтој млад човек.


Еве како изгледало тоа:

Се покажало дека тоа е 23-годишниот Валентин Тахиел Вергара.

– Гледањето на Новак и учењето на неговата приказна ми го промени животот – му открил Валентин на аргентинскиот новинар Себастијан Торок.

Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро „H2H“ – меѓусебни средби
Ѓоковиќ и „Делпо“ играле 20 пати, а Србинот води со 16:4.
Сепак, Дел Потро се погрижи за неколку болни порази, по што Ноле заплакал.
На пример, последен пат кога го победил Ѓоковиќ, Аргентинецот тоа го направи во првото коло на Олимписките игри во Рио 2016 година, каде Новак пристигна како апсолутен фаворит за златото.
Претходно, тој му „зеде“ уште еден олимписки медал, во Лондон 2012 година, совладувајќи го во мечот за бронзениот медал.
Делпо го победил Ноле во полуфиналето на Дејвис купот и во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, но низата на триумфи на Ѓоковиќ е четири пати поголема, вклучувајќи го и финалето на УС Опен 2018, финалето во Шангај 2013 година, и полуфиналето на Вимблдон (во пет сета, 7:5 , 4:6, 7:6(2), 6:7(6), 6:3) во 2013 година, и полуфиналето на Финалниот Мастерс, Дубаи, Синсинати…

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …