Наташа Беквалац во почетокот на неделата му го изговорила судбоносното „ДА“ на избраникот Лука Лазукиќ, со кого очекува дете. Ова е трет брак за пејачката а поради тоа е често мета на лоши коментари.
https://www.instagram.com/p/BZjZuBSg78I/?taken-by=bekvalceva
Меѓутоа, таа не се грижи премногу за тоа, се труди да живее како што неа и одговара.
https://www.instagram.com/p/BZdkRaXgmB0/?taken-by=bekvalceva
„Никогаш не сум сакала да зборувам за најдлабоката интима бидејќи медиумите често ја злоупотребуваа мојата искреност и исконската верба во љубов и луѓето.Бидејќи сличните им се радуваат на сличните и најдобро ги разбираат, така и јас во Лука не ја пронајдов својата втора половина туку својата целина. Секоја љубов е поинаква,секако, и’ нема правила кога станува збор за
времето кое е потребно да се запознае онаа вистинската.Не, ова не е љубов на прв поглед, оваа љубов е толку јака, што ме боли колку многу сакам.Луѓето велат дека се’ се случило премногу брзо, а јас велам дека е преспоро за се’ што чувствувам во срцето“ искрено одговорила Беквалац.

https://www.instagram.com/p/BZg_Gidg5ja/?taken-by=bekvalceva
Пејачката додала и дека е среќна во животот иако доживеала многу падови.
„Јас го живеам својот живот во кој има големи падови.Но, тој ми припаѓа само мене. И, среќна сум“ рекла Наташа.
Пејачката одлучила да го земе презимето од сопругот и сега наместо Беквалац ќе биде Лука Лазукиќ…
„Одлучив да го земам презимето бидејќи неколку пати се сретнав со неговото семејство и имав чувство дека припаѓам таму. Поради тоа отсега ќе го носам презимето Лука Лазукиќ“ додала пејачката.
ekran платформа за слободоумни