Според најавите наскоро на една од македонските ТВ куќи ќе почне со емитување нова телевизиска серија.
Станува збор за ТВ серијата „Македонија“, која според промотивното видео кое беше објавено на јутуб, има историска тематика но во исто време се испреплетува со настани од современото живеење.
Инаку на оваа серија се работи веќе две години, се планираат 4. сезони, и вкупно 80. епизоди. Серијата е снимана во четири држави, Македонија, Хрватска, Франција и САД. Ова е модерна серија на подлога на историјата на Македонија, на американскиот продуцент кој работи на серијата „МАКЕДОНИЈА“ и при тоа ги решава своите дилеми и се наоѓа на тешки притисоци и разни влијанија, поради кои неколку пати се откажува од снимањето, но серијата сепак завршува.
Во серијата глумат познати актерски имиња како Емил Рубен, Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Марко Ковачевиќ, Александар Михајловски, Григор Јовановски, Александар Ристовски.
Во видеото дознајте „Што е Македонија?“
Што е Македонија? Македонија е љубовна приказна, има две приказни, две љубови, и двете се мои. Во едната си ти, а јас оној кој беше сакан, па макар и вака, на самиот крај. Нека биде среќен крај…
(ВИДЕО+ФОТО) Наскоро најaмбициозната серија во македонската продукција – „Македонија“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.