Ирина Шајк е една од водечките ѕвезди на модната недела во Милано, која започна пред три дена, а ќе заврши на 23 септември. Ѕвезда е и на модните писти и надвор од ревиите, па на прославата на 60 години италијански „Вог“ (Vogue) блеснала во предизвикувачко издание.
Руската манекенка Ирина Шајк обожава провокативен стил на облекување, како и крајно необични комбинации. За гала забавата на која бил присутен и актерот Леонардо ди Каприо избрала фустан – ноќница, проѕирен модел од тул, кој „не поднесува“ брусхалтер .
Ирина Шајк е голем љубител на овој тип на фустани кои повеќе откриваат отколку што прикриваат, па до израз дошла долната облека, онаа за која имало место под облеката.
View this post on Instagram
Занесната Русинка бриљирала на пистата. На пример, тоа го направила на ревијата на „Макс Мара“ кога се појавила во прекрасна облека која ги најавува трендовите за пролет/лето 2025 година.
Таа на ревијата на „Етро“ се појавила во многу шик верзија, оваа комбинација од тексас бермуди и сако изгледа многу ефективно.
View this post on Instagram
Ирина Шајк ќе наполни 39 години на почетокот на 2025 година. Тоа е одличен пример дека старосните ограничувања во модата се застарени. Ова на свој начин го потврдува и Наоми Кембел (54) која се уште е кралица на модните писти.
Фото: Принтскрин/Instagram