Овој мост, долг речиси половина километар, е најдолгиот висечки мост во Европа, но и во светот, според Гинисовата книга на рекорди. За ова чудо на архитектурата, на кое буквално не му се гледа крајот, за EUpravozato зборувал инфлуенсерот и туристички патописец Марко Стефановиќ.
„Ако се плашите од височини, подобро да не го гледате ова видео“, ја започнува неговата приказна за најдолгиот висечки мост на светот, инфлуенсерот и патеписец Марко Стефановиќ, попознат на социјалните мрежи како gospodinsaizuzetnogputa (мистерисклучителенпат).
Неговите приказни од повеќе од 60 земји во светот кои досега ги посетил често привлекуваат големо внимание во јавноста, а една од нив е репортажата за најдолгиот висечки мост во светот, кој се наоѓа во Австрија.
Мостот, попознат како „Хајлајн 179“, е висок дури 116 метри, долг 405 метри и широк само 1,2 метри. Се наоѓа во Тирол, опкружен со планински врвови на Алпите.
Четири челични јажиња ја поддржуваат конструкцијата тешка 70 тони, а по мостот можат да се движат и до 500 пешаци во исто време.
„Не е далеку од Баварија, па можете да го посетите како дел од познатите обиколки на баварскиот замок“, вели Стефановиќ во своето видео.
View this post on Instagram
Како што изјавил, до мостот се стигнува пеш, но и со стаклен лифт кој ви дава поглед на „бескрајните планини“.
Марко вели дека додека минувал мостот цело време се нишал од ветерот, но, како што нагласил, одењето по него е „големо искуство“.
„Тоа е сосема безбеден и добар начин да се надмине стравот од височина“, рекол тој.
За EUpravozato, пак, тој открил дека за него лично, преминувањето преку овој висечки рекордер не било најстрашното искуство, „ниту блиску до тоа“.
„За мене лично не беше страшно, дури ни непријатно, но јас сум љубител на екстремни активности. Можам да ви кажам дека искуството што ми го втурна стравот во коски беше она во Техеран кога висев од кулата која е 6-та највисока на светот, тогаш висев на жица долга 40 метри и беше навистина морничаво, во споредба со тоа, за оние со страв од височина „Хајлајн 179“ може да биде ноќен кошмар“, рекол Марко.
Тој изјавил дека на Мадагаскар или Тибет има висечки мостови кои личат на споени скали и дека овој европски рекордер е прилично „лесен“ во споредба со нив.
Инаку, најдолгиот висечки мост за пешаци во светот, изграден во Тирол, бил пуштен во употреба пред 10 години, а потоа влегол во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи го „престигнал“ претходниот рекордер, мостот Коконое Јуме, во Јапонија, за 13 метри. Неговата изградба чинела два милиони евра.
Армин Волч, водечкиот архитект на проектот, дошол на идеја пред дваесет години да ги поврзе замокот Еренберг и блиската тврдина Форт Клаудија со висечки мост, а тој сон му се остварил во 2014 година.
Извор: eupravozato
Фото: Принтскрин/Instagram