Кејт Винслет е холивудска икона, позната по бројните улоги и се смета за една од најдобрите актерки досега. Таа дебитираше со биографската драма „Ли“ на минатогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто, а во тој филм Кејт го игра познатиот фотограф и новинар од Втората светска војна, Ли Милер.
Иако е големо име во филмската индустрија, Кејт Винслет наидува и на отпор, негативност и нереална слика за светот, како и критики во однос на навидум совршеното женско тело кое Холивуд се обидува да го наметне.
Така, во едно неодамнешно интервју за „Harper’s Bazaar“, таа открила дека за време на снимањето на филмот, член на екипажот и пришол и и рекол дека треба да го скрие „стомакот“ пред камерата за време на сцената во која оскаровката носела костим за капење. .
– Има дел каде што Ли седи на клупа во бикини, а еден од членовите на екипажот доаѓа и вели: ‘Можеби треба да седите поисправено’. !Нема шанси! Намерно седнав така, знаеш?!’, одговорила таа.
Кејт потоа била прашана дали и пречи да изгледа „помалку од совршено“ на екранот, на што таа одговорила:
– Напротив. Горда сум на својот изглед бидејќи тоа е мојот живот на мене, а тоа е важно. Не би помислила да го сокријам. Мислам дека луѓето можат подобро отколку да кажат: „Можеби ќе сакате да направите нешто со тие брчки“. Се чувствувам се поудобно како што одминуваат годините. Мислењата на другите едноставно испаруваат сега, објаснила познатата актерка.
Инаку, таа се појавува гола во филмот „Ли“, а минатата година во едно интервју изјавила
– Морав да бидам навистина лудо храбраза да дозволам моето тело да биде најмеката верзија од самото и да не бегам од него. И верувајте ми, некои луѓе од нашиот тим би рекле: „Можеби треба да правите стомачни“. А јас би рекла: ‘Зошто? Поради парчиња месо што можете да ги видите? Не, вака е како што е!“, додала таа.
Рекла и дека многу (машки) продуценти ја потцениле кога се обидувала да ги собере потребните средства за снимањето на „Ли“.
Имено, Кејт освен што ја имаше главната улога, беше и продуцент на филмот.
– Мажите кои мислат дека сакате и ви треба нивната помош се неверојатно дрски. Дури и режисерот ми рече: ‘Слушај, ти снимај го мојот филм а јас ќе го финансирам твоето мало „Ли“… Мал! Или ќе најдам потенцијални машки инвеститори кои кажуваат работи како: „Кажи ми, зошто би требало да ми се допаѓа оваа жена?“
Сепак, без оглед на многуте негативни аспекти, Кејт успеала да го доведе филмот до крај, а во кино салите ќе биде достапен во септември.
Фото: Принтскрин/YouTube