(ВИДЕО+ФОТО) Меган Маркл проговорила за самоубиствените мисли: „Ако можам да спасам некого со изнесувањето на ова…“

Меган Маркл зборувала во присуство на принцот Хари и со негова поддршка за деталите од тешкиот период низ кој поминала…
За време на викендот, војводата и војвотката од Сасекс го дадоа првото заедничко интервју по она со Опра во 2021 година.


На 43-тиот роденден на Меган, тие зборуваа за CBS за The Parents’ Network (Мрежа на родителите), нова иницијатива за поддршка на семејствата чии деца биле погодени од сајбер-малтретирање.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Водителката Џејн Поли ја прашала Меган за нејзината одлука да биде отворена за сопствените мисли за самоубиство, што таа го открила во интервју со Опра Винфри во март 2021 година, велејќи дека се чувствувала како „едноставно да не сака повеќе да биде жива“, пишува People.

– Кога сте поминале низ кое било ниво на болка или траума, верувам дека тоа е дел од патот до исцелување – тоа секако беше дел од мојот. Не сум ја ни изгребала површината на моето искуство, но мислам дека никогаш не би сакала некој друг да се чувствува така, никогаш не би сакала некој да прави такви планови, никогаш не би сакала на некој друг да немусеверува – рекла сопругата на принцот Хари и додала:

– Ако со споделување на она што сум го надминала ќе спасам некого или ќе поттикнам некого да се промени, тогаш вреди.

Инаку, ова интервју најмногу се однесуваше на иницијативата The Parents’ Network што таа и Хари ја започнале, а која се занимава со обезбедување поддршка на луѓе кои изгубиле дете поради социјалните мрежи, директно или индиректно.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …