Креативните идеи го прават овој стан од 38 квадратни метри многу функционален.
Мебелот во овој мал стан лесно се преместува и може да се прилагоди на сите потреби на домаќинството.
Реновиран е во стилот на американските домови, каде што денес е вообичаена голема дневна соба. Затоа архитектот решил да го отстрани ѕидот кој делумно ги делел дневната соба и спалната соба.
Ова создало импресивен простор во кој се влегува од прилично тесен ходник. Интересна идеја е преклопната врата која го дели мини ходникот од останатиот дел од станот. На овој начин мирисите и звуците се изолираат од кујната која е веднаш до влезната врата, а во дневната може да се организира работно катче.
Во средината на овој голем простор обично се поставува софа, но лесно може да се премести до крајот на просторијата доколку е потребна поголема удобност. На едниот ѕид има големо биро, а спроти него е плакарот со вграден брачен кревет кој се преклопува. Овој модел е исклучително лесен за ракување, бидејќи има посебно вграден механизам.
На долната страна на горниот дел од работната маса е прикачена оригинална мала полица на која е поставена тастатурата. Масата лесно може да стане трпезариска маса, а во видеото погледнете колку се креативни идеите за трпезариски столчиња и други детали.
Фото: Принтскрин/YouTube