Колку и да е тешко да се категоризира звукот на колективот „Лајбах“, подеднакво е тешко да се разберат нивните методи. А сепак, „Лајбах“ не се разликува од уметничките авангарди на дваесеттиот век кои, користејќи скандали и провокативни акции како оружје, преку кои се обидоа да ги пренесат своите ослободителни пораки до јавноста.
На платото пред Филхармонија полека се собираше народ. Во еден момент помисливме – зарем е можно да нема луѓе…Набргу бевме разубедени. Салата полека но сигурно почна да се полни со познати и непознати ликови. Но, со луѓе кои брзаа да си ги заземат местата и да се препуштат на магијата.
Едноставно, скоро ненематливо музичарите се појавија на сцената и започна магијата на колективот…
Дигиталната ера им обезбеди нови алатки за ширење пропаганда, контрола на содржината и потиснување на опозицијата. Овој наратив се пренесува во сите други аспекти на општеството, вклучувајќи ја и поп-културата.
Старите приказни можат само да ги реинтерпретираат во нов контекст на технолошкиот и политичкиот дискурс, за уметноста и државата. Или, се разбира, можат да ја игнорираат историјата и да се преправаат дека прават нешто сосема ново.
Песните и пораките на големото платно раскажуваа единствена приказна.
„Лајбах“ не е гласник, тоа е порака сама по себе, а нивната работа е одраз на нашите времиња какви што се. Ако ги доживувате како скандал, тоа е затоа што перцепцијата за скандали веќе постои во структурите на моќ кои ја обликуваат вашата перцепција.
И таман кога присутните на концертот почнаа да се загреваат и „да танцуваат“ во своите седишта, на големиот екран се појави „Интермецо: 15.00“.
Тоа е тоа, пауза. Актерите си заминаа а присутните секој во свој правец, на цигара муабет, или средба во салата…Изминаа 15 минути и продолжи со вокалот на Швеѓанката Марина Мастесон.
Но, секој обид на актерите да ја раздвижат публиката беа бадијала бидејќи Филхармонија не дозволува искажување на емоции – можете да се воодушевувате во себе – бидејќи тука, нели, треба да седи културна публика.
Но, затоа секој од аудиториумот си најде свој начин за излив на емоции кои ги предизвикаа луѓето за кои бевме дојдени.
А, тие продолжија во нивен стил со „Опус деи“… и не вратија во нивниот „филм“.
Песните се редат како и пораките (на англиски) на големиот екран.
„Лајбах“ беа моќни, како колектив.
И предизвикаа губење, враќање во минатото – потсетување на некои нивни поранешни концертни настапи, не само на наши простори…Имаше и споредби од „Лајбах“ во Виена- кој се каде бил за да ги гледа, барем од гласовите кои допираа до нас.
„Лајбах“ не се само колектив. „Лајбах“ се институција која со децении си ги чува фановите. Сега сите во зрела животна фаза.
И, како што се случи интермецото дојде и крајот на концертот – се свртеа, се оставија зад себе и заминаа…до некоја следна средба,концерт…
Г.О.