– Принцот Вилијам и принцезата Кејт донеле важна одлука пред Велигден
– Кралот Чарлс немал избор, тој морал да ја испочитува желбата на својот постар син
Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден донеле важна одлука и му ја соопштиле на британскиот монарх, кралот Чарлс Трети.
По гласините за развод од Кејт Мидлтон, кои следеа откако принцот Вилијам ангажирал адвокат што некогаш го ангажирала неговата мајка, принцезата Дијана, британскиот двор го тресе нова афера. Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го известиле кралот Чарлс дека оваа година ќе го прескокнат традиционалниот велигденски собир во замокот Виндзор.
Принцот Вилијам му рекол на кралот дека ќе го пропушти годишниот велигденски собир оваа година. На кралот Чарлс во замокот Виндзор ќе му се придружат неколку членови на кралското семејство, вклучувајќи ја и кралицата.
View this post on Instagram
„Тие одлучуваат да поминуваат време заедно како семејство пред децата да се вратат на училиште“, изјавил извор близок до семејството за Mirror.
Принцот и принцезата од Велс не присуствувале на богослужбата минатата година бидејќи принцезата од Велс била на лекување од рак. Минатата година кралот не се пожалил дека неговиот постар син не дошол на велигденската богослужба.
Принцезата Ана и нејзиниот сопруг, како и војводата и војвотката од Единбург, најверојатно ќе присуствуваат на велигденската служба во капелата Свети Ѓорѓи во Виндзор.
View this post on Instagram
Минатата година на Велигденската богослужба во Виндзор присуствувал и принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, на големо изненадување за многумина. Тоа било првпат војвотката од Јорк да присуствува на богослужбата по нејзиниот развод со Ендру во 1996 година.
Кралот Чарлс Трети (76), кој денеска испрати специјална велигденска порака, бил расположен кога се појавил со кралицата Камила (77) во катедралата на североистокот на Англија. Неговата сопруга се трудела да изгледа елегантно: носела темно зелен фустан и впечатлива кадифена капа во соодветна нијанса.
Фото: Принтскрин/Instagram