(ВИДЕО+ФОТО) Камионџијата Андруш кој ја веселеше Македонија има потреба од помош: Имал несреќа со мотор, потребни се пари за закрепнување и сметките од лекување


Ресенчанецот Андруш Ангелковски, кој стана популарен во регионот со неговите распеани видео снимки, додека вози камион, се наоѓа на интензивна нега на скопските клиники, откако доживеал сообраќајна несреќа со мотор.

Несреќата се случила на патниот правец Ресен – Охрид, а поради тежината на повредите, на Андруш му следел долг период на закрепнување, поради што не може да работи. Затоа, со цел да му се помогне финансиски, да се платат сметките за лекување, а потоа и за рехабилитација, негови пријатели отвориле сметка за донации.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)


Истата е достапна на платформата gofundme.com, на која може да се донира од странство, а потребната сума која е наведена изнесува 20.000 долари“.

Камионџијата стана доста популарен пред неколку години, кога објави видео од кабината на својот камион, додека вози низ Америка, и пее песна од Наум Петрески. Емотивната изведба го привлече вниманието на јавноста, па за името на Андруш набргу се слушна во целиот регион.

Потоа, неговите видео снимки со изведби на популарни песни започнаа масовно да се споделуваат на социјалните мрежи, па тој дури и гостуваше на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста” пред неколку години, каде настапи заедно со Наум Петрески. Потоа, двајцата го снимија дуетот „Песна за верни другари”.

Фото: Принтскрин/Instagram

Извор: skopje1.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на монографијата „Четврт век Интернационален фестивал на монодрама – Битола“

Фестивалот на монодрама доби свое трајно сведоштво. Во рамките на 26. издание на Интернационалниот фестивал …