(ВИДЕО+ФОТО) Ја искористил паузата – Рахим Стерлинг го одржал ветувањето од 2013 година и се крстил во Јамајка

Англиската фудбалска ѕвезда Рахим Стерлинг го прифатил христијанството и бил крстен во црква во неговата родна Јамајка за време на репрезентативната пауза.
Рахим Стерлинг зад себе имаше интересно лето во кое напредуваше во кариерата со трансфер затоа што дресот на Челзи го замени со тој на Арсенал и таму по се судејќи ќе се бори за титулата англиски шампион.
Иако е една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал, извесно време го нема во националниот тим, па не играше против Ирска и Финска на стартот од Лигата на нации оваа и минатата недела.
Стерлинг ја искористил паузата за да отпатува во родната Јамајка, каде одлучил да изврши важна религиозна церемонија и да го прифати христијанството, што, како што истакнува, го натерало да сфати дека во текот на животот бркал погрешни работи.


Напаѓачот на Арсенал бил крстен во црква во Јамајка, а на социјалните мрежи беа објавени видеа. Така, Стерлинг го исполни ветувањето дадено во 2013 година во едно интервју.
„Не сум 100 отсто религиозен, но моето убедување е силно. Кога ќе дојде моментот, ќе бидам христијанин“, изјавил Стерлинг пред 11 години, а тој момент очигледно дошол.

Инаку, Рахим Шекил Стерлинг е роден во 1994 година во Јамајка. За жал, неговиот татко бил убиен кога Рахим имал само две години, по што се преселил во Лондон со неговата мајка.
За репрезентацијата на Англија, Стерлинг одигра 82 натпревари и постигна 20 голови. Со Манчестер Сити освои четири титули во англиската лига.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на играниот филм „Дете од војна“ започнува „Недела на романски филм“ во Кинотека

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во …