Италијанскиот пливач Томас Цекон освои многу фанови ширум светот со натпреварувањето на Олимписките игри и стана предмет на коментари.
На 27-ми јули, тој и помогна на италијанската репрезентација да ја освои бронзата во машката штафета 4×100 метри слободно. Неколку дена подоцна, тој го освои златото на 100 метри грбно за мажи.
Но, неговите обожаватели зборуваат за нешто друго – неговиот атрактивен изглед. Видеата ги зафатија социјалните мрежи и имаат милиони прегледи.
@louise.dbz what the audio says😇 #thomasceccon #olympics #paris2024 #swimming ♬ original sound – louise
„Најубавиот маж што сум го видела“, „Ретко кој може да ме возбуди, но тука е италијанскиот пливач Томас Цекон“, „Колку е убав“, „Феноменален е“, се дел од коментарите на социјалните мрежи. .
Тој неодамна во интервју за Раи Италија изјави дека отсекогаш верувал во себе.
– Кога бев момче, отидов на тренинг со Алберт (тренерот). Тој ме праша кој е мојот сон, а јас му одговорив: „Да победам на Олимписките игри“. Ми рече: „Полека, сè во свое време“. Уште кога бев дете знаев дека можам да победам“, рекол тој.
View this post on Instagram
Потекнува од спортско семејство. Неговата мајка Џоја е шампион во уметничко лизгање, а неговиот татко бил петобојник во армијата.
Томас во детството вежбал и тенис заедно со својот брат, но пливањето е неговата најголема љубов. Поради неговите импресивни пливачки вештини, го добил прекарот „ајкула“.
Фото: Принтскрин/Instagram