Шерон Стоун деновиве беше главна ѕвезда на Таормина, а нејзиниот стил беше особено впечатлив.
Познатата актерка Шерон Стоун беше ѕвезда на Сицилија за време на овогодинешниот филмски фестивал во Таормина, каде што и беше врачена златната награда за животно дело „Карида“.
Со ова Шерон Стоун се приклучи на одличниот тим актери кои претходно ја добија оваа престижна награда, меѓу нив Никол Кидман, Софија Лорен, Роберт Де Ниро, Том Круз, Ричард Гир, Изабел Ипер…
View this post on Instagram
Интересно е што Шерон Стоун не била во Таормина од 1992 година, кога се одржа премиерата на „Ниски страсти“, филмот кој и донесе неверојатна слава, пари и име на холивудската филмска сцена.
Шерон Стоун за време на сите нејзини појавувања на Сицилија во неколку наврати покажа неверојатен гламур со своите изданија, а најзабележителен беше прекрасниот цветен фустан со потпис на Ентони Марас, италијански дизајнер.
View this post on Instagram
Станува збор за фустан од сатенска свила, со мотиви од испреплетени рози и прекрасни слоеви за ефект на ненадмината елеганција.
За изданијата на Шерон е задолжена нејзината стилистка Парис Либи, која со неа соработува од 1992 година и е заслужна за нејзините одлични појавувања на црвените килими во Америка и Европа.
View this post on Instagram
За самата награда Кариди избра прекрасен фустан во црна и сива боја, на едно рамо и ефектни пердуви.
Нејзините креации се толку безвременски што можете да ги носите на речиси секоја возраст и за секоја пригода – од матура, до прослава или како Шерон Стоун, на црвениот тепих!
View this post on Instagram
– Се облекувам за да покажам дека сум среќна – изјави Шерон Стоун во 1994 година и до ден денес се придржува до овој моден принцип. Затоа на 66-годишна возраст успева да изгледа барем 20 години помладо или, секако, да го извлече секој стајлинг што ќе го замисли!
Фото: Принтскрин/Instagram