Пејачот Оли победи во Санремо 2025 година со песната „Balorda Nostalgia“, откако гласовите на новинарското жири, радио жирито и телевизиското гласање од првите три вечери на фестивалот беа комбинирани со резултатите во финалето.
View this post on Instagram
Победничката песна зборува за копнежот што човекот го чувствува за минатото, воспротивност од сфаќањето дека мора да оди напред. Оли песнатаја извел доста емотивно, длабоко поврзувајќи се со публиката. Тој ги истражува емоциите на потсетување на старите спомени, врски и моменти кои го обликувале.
View this post on Instagram
Рангирањето од првите три вечери беше комбинирано со синоќешното за да се одреди конечниот пласман на сите изведувачи. Гласањето беше поделено меѓу 33 отсто од жирито на радиото, 33 отсто од новинарското жири и 34 отсто од гласовите на телевизијата. По успешното влегување во суперфиналето, Оли бил прв и победил со песната „Balorda nostalgia“ меѓу петте натпреварувачи во суперфиналето.
Карло Конти го водеше шоуто заедно со италијанскиот ТВ водител Алесандро Кателан, како и актерката и ТВ водителка Алесија Маркузи. Гости на вечерта беа италијанскиот музичар Габри Понте, актерката Ванеса Скалера, фудбалерот Едуардо Бове и кантавторот Антонело Вендити.
Театарската сцена Аристон, како и секогаш, беше домаќин на познати уметници, поранешни учесници на Евровизија, а сите настапија со оркестар.
View this post on Instagram
Интересно е што Оли настапи со Горан Бреговиќ на четвртата вечер на Санремо, која уште се нарекува и насловна вечер. Оли изведе прекрасна обработка на иконската песна „Il Pescatore“ на легендарниот пејач и текстописец Фабрицио Де Андре, а Бреговиќ и неговиот оркестар му дадоа посебна енергија на целиот настап.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/RAI
ekran платформа за слободоумни