(ВИДЕО+ФОТО) Голем кам-бек на Селин Дион по 4 години: И’ покрај тешката болест ги отвори Олимписките игри во Париз


Селин Дион синоќа настапи на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
На големо задоволство на публиката од целиот свет, Селин и покрај големите здравствени проблеми со кои се бори, ја поздрави публиката и пееше пред Ајфеловата кула.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Olympic Games (@olympics)


Синоќешниот настап беше прв откако таа ја објави дијагнозата на синдром на вкочанета личност во декември 2022 година и ги откажа сите најавени концерти.
Таа се појави во бел фустан на Диор до подот, со собрана коса, а очите истакнати со шминка.


Таа по настапот им се обрати на сите и истакна колку е почестена:
– Чест ми е што настапив на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз 2024 година и толку полна со радост што се враќам во еден од моите омилени градови – напиша Дион (56) во објава на Инстаграм и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

– Најмногу сум среќна што ги славам овие неверојатни спортисти, со сите нивни приказни за пожртвуваност и решителност, болка и истрајност. Сите сте биле толку фокусирани на вашиот сон, и без разлика дали ќе земете медал дома или не, се надевам дека тоа што сум овде значи дека тој ви се остварил! Сите треба да бидете толку горди, знаеме колку напорно работите за да бидете најдобри од најдобрите, продолжете, моето срце е со вас!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …