Новак Ѓоковиќ е полн со почит кон Карлос Алкараз бидејќи знае како се однесувале кон него кога бил на негова возраст…
Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен по повеќе од три часа борба и голем пресврт (4:6, 6:4, 6:3, 6:4). Веднаш по завршувањето на таа средба имаше топол поздрав на мрежата, па Србинот со аплауз го испрати од стадионот својот 16 години помлад колега.
View this post on Instagram
Новак уште еднаш покажа дека има голема почит кон Алкараз и дека го гледа не само како ривал, туку и како некој кој ќе биде иднината на светскиот тенис и сака да му помогне во сето тоа. Засега нивната врска е речиси совршена. Исто како што Ноле имаше со Енди Мареј, кој сега му е тренер, а во исто време и сосема поинаков отколку што беше со Рафаел Надал и особено со Роџер Федерер. Со ваквите потези имаа влијание Ѓоковиќ да стане ѕвер и да ги гледа поинаку.
И’ Новак би можел да биде како Швајцарецот и да „зачекори пред сите“ како што Роџер му направи на Новак. Можеше како Рафа да „одбие да му подаде рака“ и да му помогне и да биде на негова страна, што Надал го направи безброј пати. Наместо тоа, Ноле гледа „помлад себе“ во Карлитос и се обидува да го научи на некои работи и да му помогне. Од Алкараз и неговите реакции се гледа дека ужива во нивниот однос и дека сето тоа многу му значи.
Еден од најдобрите примери за тоа може да се види, на пример, во полуфиналето на Ролан Гарос во 2023 година, кога Ѓоковиќ го победи Алкараз. На тој меч младиот Шпанец имаше огромни проблеми со грчеви, телото не му функционираше, рече дека сето тоа е резултат на стрес.
Новак на прес-конференцијата по натпреварот го утеши Карлос, зборуваше за сопственото искуство, како му се случило на почетокот на кариерата. Немаше „отровни игли“ или напади и прозивки. Тој беше на негова страна и нагласи дека е тука да му помогне доколку нешто му треба.
Што направи Роџер? Тој Новак го „фрли на лавовите“, поточно на таблоидите на Австралија опен во 2009 година. Тогаш Новак почувствува големи проблеми поради жештината, во четвртфиналето мораше да му го предаде мечот на Енди Родик, не се чувствуваше добро. Тој немаше сили да го заврши тој дуел на околу 40 степени Целзиусови и се откажа од дуелот пред крајот. Наместо да биде таму да пружи помош и совет како постар и поискусен колега, тој реши да го направи сосема спротивното.
View this post on Instagram
„Ѓоковиќ не е тенисер кој не се откажал претходно, па затоа е разочарување. Јас го направив тоа само еднаш во кариерата, Енди беше целосно готов за да го добие тој меч. Сакам да кажам дека ако не сте доволно способни за игра, не играјте. Да водеше Новак со 2:0 во сетови, не верувам дека ќе се предадеше додека губеше 4:0 во последниот сет (губеше 2:1, забелешка на авторот).Благодарение на Енди, тој на крајот се откажа, го натера да игра до неговите крајни моќности, јас му симнувам капа“, изјави Роџер Федерер, кој во неколку наврати знаеше вака да го „сомеле“ Ѓоковиќ, иако имаше статус на „господин“ во медиумите.
Што рече Ноле за Карлос?
Кога веќе потсетивме на изјавата што ја даде Роџер кога Ѓоковиќ му го предаде мечот на Енди Родик. Да се потсетиме и на реакцијата што ја имаше Ѓоковиќ кога го победи Алкараз во тоа полуфинале на париската земјена подлога пред две години. Тој беше дијаметрално спротивен од Роџер, му пружи поддршка на Алкараз.
View this post on Instagram
„Прво сакам да кажам дека ми е жал што се се случи вака и што Алкараз имаше проблеми со грчеви. Знам како е тоа, видов колку се мачеше и му посакувам што побрзо да се опорави. И на мрежата по мечот му кажав дека е млад и дека има време за него и сигурен сум дека ќе го освои овој турнир многупати.И двајцата имавме проблеми, ниту јас не се чувствував физички добро, бев на лимит, речиси исто како и Карлос. Имавме изедначен втор сет, тој него заслужено го освои, а потоа почна сосема поинаков натпревар, што не е лесно во тие моменти, но среќен сум што успеав.Мило ми е поради тоа и се надевам дека ќе го освојам овој турнир уште еднаш. Миостана уште еден чекор и ветувам дека ќе се обидам да го направам“, рече тогаш Ѓоковиќ, а потоа го подигна пехарот во Париз откако славеше против Каспер Руд во финалето.
Сега Новак го чека пресметка со Саша Зверев во полуфиналето на Австралија опен и се уште се чека терминот на натпреварот. Единствено со сигурност се знае дека дуелот е закажан за в петок.
Фото: Принтскрин/Instagram