(ВИДЕО+ФОТО) Филмски успех – Брендан Фрејзер за улогата што му донесе Оскар: „Бараа актер кој не бил толку виден“

Брендан Фрејзер ја освои првата златна статуа во категоријата најдобар актер на минатогодишното доделување на Оскарите. Тоа беше негова прва таква номинација, а беше номиниран за улогата на Чарли во психолошката драма „The Whale“.
Овој филм од 2022 година го режираше Дарен Аронофски. По освоениот Оскар, Фрејзер неодамна ја откри вистинската причина поради која режисерот го избрал за оваа улога.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Brendan Fraser (@brendan__fraser)


„Бараше актер кој не беше виден одамна и тоа на крајот бев јас. Тој бараше некој кој успешно ќе ја игра улогата на повлечен и со прекумерна тежина наставник по англиски јазик“, објаснил Фрејзер.
Заплетот на филмот го следи повлечениот наставник по англиски јазик Чарли, кој со години се бори со тешката дебелина. По осум години разделба од својата ќерка, Чарли се обидува да ја обнови врската со неа. Тогаш неговата ќерка Ела како тинејџерка поминува низ лични проблеми.


Филмот опфаќа теми за љубовта, човечката кршливост и жалење, а по прикажувањето на филмскиот фестивал во Венеција во 2022 година, доби деветминутни овации од публиката. За улогата, Фрејзер морал да носи протези кои тежат до 150 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brendan Fraser (@brendan__fraser)

„Морав да научам да се движам на сосема нов начин. Развив мускули за кои не ни знаев дека ги имам”, рекол тој.
„The Whale“ е базиран на драмата „Оф-Бродвеј“ од 2012 година на Семјуел Д. Хантер.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …