Анџелина Џоли завршила во солзи по десетминутните овации на филмскиот фестивал во Венеција по премиерата на филмот „Марија“, а актерката била олицетворение на елеганцијата во беж долг фустан со крзнен детал.
Оскаровката присуствувала на премиерата на нејзиниот претстоен филм „Марија“ и по проекцијата била пречекана со толку бурен и долг аплауз што била особено трогната.
Џоли со громогласни овации била придружувана по скалите на театарот е видена како ги брише солзите од лицето, покажува видеото.
View this post on Instagram
На снимката, објавена од италијанскиот Vanity Fair, се гледа како Анџелина ги брише солзите и прима прегратка од колегата Пјерфранческо Фавино.
Актерката на црвениот тепих пристигнала во шифон фустан во ладни беж нијанси со крзнен детал, дизајниран од Тамара Ралф, австралиска дизајнерка.
View this post on Instagram
На Џоли и е особено драг овој брендот и ги носела дизајните на Ралф на неколку настани на црвениот тепих во минатото. Истакнатиот струк и бојата биле инспирирани од стилот на Марија Калас.
„Решив да не го копирам изгледот на Марија бидејќи нејзините венецијански теписи беа прекрасни, па и оддадов малку почит – на поинаков начин“, изјавила таа за Vogue, носејќи го својот брош од Картие од 1971 година.
„Можете да замислите колку е посебно да носите парче накит што бил нејзин“, додала таа.
View this post on Instagram
На премиерата присуствувал и режисерот на филмот, Пабло Ларен, заедно со членовите на екипата на филмот.
„Марија“ е биографски филм во кој Џоли ја игра Марија Калас, една од најголемите светски оперски пејачки. Дејството на филмот се одвива во Париз во 1970-тите, и ја раскажува приказната за трагичниот и бурен живот на Калас и ги прикажува нејзините последни денови.
Фото: Принтскрин/Instagram