(ВИДЕО+ФОТО) Енергичен настап – Горан Бреговиќ и неговиот оркестар ја натераа публиката да танцува во Санремо, настапил со италијански пејач

Горан Бреговиќ и неговиот Оркестар за свадби и погреби настапија на четвртата вечер на Санремо, а заедно со пејачот Оли изведоа кавер на песната „Il pescatore“ од Фабрицио Де Андре.
Оли изведе прекрасна обработка на иконската песна „Il Pescatore“ на легендарниот пејач и текстописец Фабрицио Де Андре, а Бреговиќ и неговиот оркестар му дадоа посебна енергија на целиот настап.


Публиката во познатиот театар Аристон беше воодушевена од енергијата што Бреговиќ и неговиот оркестар ја внесоа на овој аранжман и заедно го зазедоа високото, четврто место на вечерното рангирање.


@sanremorai Serata cover 🎤 Olly con Goran Bregović e la Wedding & Funeral Band cantano “Il pescatore” a #Sanremo2025 @Olly @Goran Bregović #davedere ♬ suono originale – SanremoRai

Ова не е првпат Горан Бреговиќ да настапува во Санремо. Неговото прво појавување на овој престижен фестивал беше далечната 2000 година, а се врати во 2012 година, кога повторно остави силен впечаток кај публиката.
Иако победникот на насловната песна на вечерта нема да влијае на вкупниот резултат за Евровизија, настапот на Горан Бреговиќ и Оли секако беше незаборавен и ја подигна атмосферата во Санремо на повисоко ниво.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …