(ВИДЕО+ФОТО) Елеганција во црно: Кејт Мидлтон од глава до пети во една боја со посебен детаљ на реверот


Принцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат присуствувала на одбележувањето на Денот на примирјето, а за таа пригода избра елегантна комбинација и била во црно од глава до пети.
Кејт го имала своето деби на годишната церемонија и го претставувала целото кралско семејство на настан на кој вообичаено присуствуваат само потомците на самото семејство.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)


За оваа пригода, Кејт избрала црн фустан-капут (анг. „coatdress”“) со елементи во воен стил: структура што потсетува на униформа со силни линии и силен акцент на рамената.
На реверот носела два црвени афиони, што е симбол на сеќавање на паднатите војници, како и значката на Ирската гарда – принцезата има официјална почесна воена титула полковник на полкот на Ирската гарда.
Моден детаљ што особено го привлекол вниманието биле обетките со рубини, кои ретко ги носи. Кејт ги носела овие обетки само двапати претходно – порано оваа година ги носела за да ги пречека американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп за време на нивната државна посета на Велика Британија во септември, како и за да ја одбележи 80-годишнината од Денот на победата во Европа во мај.


На главата имала шапка со широк обод што го заокружувала целото модно издание.
Принцезата од Велс претходно привлече внимание со краткотрајна преобразба. Имено, за време на појавувањето во музејот заедно со Вилијам во септември, таа имаше посветла боја на коса од кога било – медено-руса нијанса.
Сепак, по негативните реакции, принцезата се чини дека брзо се врати на својата препознатлива кафеава боја на коса.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Горда на себе – Ѕвездата на OnlyFans објавила колку заработила за две години: Милиони на сметката

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која тврди дека е невина, открила дека заработила повеќе од …