(ВИДЕО+ФОТО) Два месеци по смртта на Бренда, Кели од „Беверли Хилс“ проговорила за нејзините здравствени проблеми: „Имав две операции, мојот сопруг е млад, не сакам да се скршам“

Џени Гарт, познатата Кели од серијата „Беверли Хилс“, имала две операции кои долго време ги чувала во тајност. Сега, сепак, одлучила да зборува за здравствените проблеми, бидејќи, како што вели, тие не ги погодуваат само луѓето од 80 години па нагоре.
Џени Гарт (52) за магазинот „Self“ раскажала се за двете операции на кои била подложена во последните четири години. Станува збор за вградување вештачки колкови.
„Ова не е нешто што ги погодува само 80-годишниците. Живеев со болки во колкот многу долго, секогаш имаше звук на кликање секогаш кога ги кревав нозете. Како некој што јава и танцува од детството, сфатив дека сето тоа било ‘истрошеност’ без оглед на причината“, рекла Гарт на почетокот на разговорот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by SELF (@selfmagazine)


„Со текот на годините работите постепено се влошуваа. Во еден момент стана толку болно што не можев ниту да ги шетам кучињата. Мислев дека е артритис”, открила актерката.
Докторот и потврдил дека има остеоартритис на колената, палците и колковите, што за Џени било вистински кошмар.
„Тогаш бев само во средината на 40-тите. Се сеќавам дека се чувствував старо и збунето околу дијагнозата, но сакав да останам активна и само да минам низ сето тоа. Меѓутоа до својата 48. година повеќе не можев да го следам семејството за време на вообичаените активности“.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie 🤍 (@jenniegarth)

Се сеќава дека имала толку страшни болки на семејно скијање што постојано била затворена во куќата.
„Беше многу вознемирувачки, бидејќи чувствував дека квалитетот на мојот живот се намалува. Не сакав да бидам некој што не може да ги прави работите што ги сакаше со своето семејство. Плус, мојот сопруг Дејв Абрамс е девет години помлад, не сакав да се омажам за помлад човек и да почнам да се распаѓам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie 🤍 (@jenniegarth)

Набргу се нашла кај доктор и се сеќава дека тој и рекол: „Што правиш овде? Ти си толку млада! Немаме многу луѓе на твоја возраст кои доаѓаат овде”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …