(ВИДЕО+ФОТО) Децата од „Ламбада“ се доказ дека времето лета без милост!

Децата кои танцувале „Ламбада“ во спотот денес се средовечни луѓе и двајцата далеку од светот на шоу бизнисот.
Чико Оливеира има 40. години, токму како и Роберта Де Брито. Времето минало брзо за децата кои со својот танц на „Ламбада“ ја освоиле планетата во спотот на француско-бразилската група „Каома“ од далечната 1989. година. После молневитиот успех, со нив работел истиот продуцент и снимиле уште неколку нумери, но не успеале да се пробијат. Во 1990. година го снимиле и својот прв албум „Лице в лице“ (Frente a Frente) кој го добил и француското признание СНЕП.


Тој албум е продаден во скоро 350.000 примероци. Песните биле на португалски и настапиле во многу земји како што е родниот Бразил, Франција, Италија, Обединети Емирати… Ненадејно после тоа интересирањето за Чико и Роберта почнало да опаѓа и тие потполно се повлекле.


Чико станал пастор на протестантска црква и моментално живее во бразилската држава Есперито Санто со сопругата и ќерката и работи во хуманитарни мисии.
Роберта е мажена и станала ветеринар. Останале до денешен ден пријатели, а Роберта била сведок на венчавката на Чико.


Инаку, Лоавла Браз Вијеира, бразилската пејачка која ја пеела „Ламбада“ во 2017. година е пронајдена мртва во запален автомобил во Бразил. Иако луѓето ширум светот танцувале Ламбада, ретко кој знаел колку таа песна е тажна.
Базирана е на носталгична мелодија на јужноамериакнски племиња од пределот Анди и бара тажен и спор ритам, каков што впрочем повеќе одговара на љубовна патетика која ја носи текстот на песната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Дванаесетте месеци“ – куклена претстава во Театарот за деца и младинци

Денес во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, најмладата …