(ВИДЕО+ФОТО) Деми Мур за суровоста на Холивуд: „Ако си мајка, повеќе не сте секси“

Деми во интервјуто зборувала за својата професионална кариера како актерка, како и за сопственото тело во бикини кое привлече големо внимание во јавноста.
Актерката Деми Мур (61) се појавила на насловната страница на септемвриското издание на магазинот „Интервју“, каде зборувала за својата кариера, како и за најновата улога во филмот „Супстанција“.
Познатата актерка позирала во црна облека дизајнирана од познатиот стилист и уредник на споменатиот магазин Мел Отенберг.
Деми во интервјуто зборуваше за својата професионална кариера како актерка, како и за сопственото тело во бикини кое привлече големо внимание во јавноста.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Interview Magazine (@interviewmag)


– Работев на филмот Charlie’s Angels и многу се зборуваше за познатата бикини сцена. Се беше многу нагласено и многу се расправаше за мојот изглед. Не се чувствував како да припаѓам. Повеќе беше како – не сум во моите 20-ти или 30-ти, но сè уште не бев она што тие го сметаа за ‘мајка’ – објасни таа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Interview Magazine (@interviewmag)

– Холивуд е суров кон жените на таа возраст, бидејќи веќе нема сценарија или улоги кои им одговараат. Или си мајка, или си доволно возрасен за да не си повеќе секси – рекла Деми.
Мур открила дека била длабоко трогната од филмот бидејќи на уникатен начин го отворил прашањето за стареењето.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …