(ВИДЕО+ФОТО)Дали некогаш сте виделе ваков свадбен подарок? Младоженецот и подарил на сопругата „тепих“ од банкноти

Снимка од свадба на Филипините ги освоила социјалните мрежи, а најмногу поради подарокот што младоженецот и го подарил на сопругата.
Имено, како што може да се види на видеото, младоженецот извадил низа банкноти од куферот кој бил толку долг што некои ги потсетувал на тепих и и’ го закачил на вратот.

Оваа наметка од пари вклучувала банкноти во вредност од еден милион филипински пезоси или 15.670 евра.


@news.com.au That’s how you make a girl feel like a queen! 🤑 This groom gave his bride the incredible gift of cash rolled out like a carpet, worth $1 million Phillipine pesos (around $25K) #wedding #weddingtiktok #weddinggift #moneytok #bridesoftiktok ♬ original sound – lily✨

Иако ова може да изгледа необично за луѓето од другите делови на светот, тоа е всушност филипинска традиција.
Оваа традиција се нарекува „танц на пари“, а тоа е церемонија за време на приемот на кој младенците за прв пат танцуваат заедно.
Постојат неколку начини на кои паровите можат да го направат тоа, но централната тема е дека младенците носат пари во некоја форма.
Некои парови избираат бавно да танцуваат додека членовите на семејството закачуваат пари на венчаницата. Некои, како овој пар, се одлучуваат за малку поинаков и поекстравагантен пристап кон овој обичај.


Фoтo: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавен конкурсот за 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 26. Меѓународен фестивал на карикатура и …