Селма Блер отворено проговорила за својата здравствена состојба, а по тежок период во животот сега се чувствува подобро.
Имено, Селма веќе неколку години се бори со мултиплекс склероза, автоимуна хронична воспалителна болест на централниот нервен систем. Поради дијагнозата трпела големи болки и до неодамна можела да направи само неколку чекори со помош на бастун.
Откако ја дознала дијагнозата, на Селма и била препорачана трансплантација на матични клетки, како и агресивна хемотерапија за да и се обноват клетките.
View this post on Instagram
„Им реков дека не сакам да го правам ова бидејќи не сакам да го уништам моето тело. Зошто да го ставам тој ужасен лек, хемотерапија, во моето тело? Немам рак”, рекла Блер.
Сепак, актерката примила помала доза на хемотерапија пред трансплантацијата на матични клетки.
View this post on Instagram
„Веднаш по терапијата се чувствував подобро. Сепак, лекарите ми рекоа дека морам да направам планови за мојата смрт. Ова му го кажав на син ми, кој ми рече дека сака да ме кремираат”, додала таа.
View this post on Instagram
Селма вели дека моментално се чувствува подобро и дека сака да и се врати на работата, а поголем интерес забележала и во Холивуд. Сака и самата да се врати, но вели дека е тешко бидејќи и требаат многу прилагодувања кои не се само бонбони во приколката на снимањето.
„Подобро сум, но болеста сè уште постои. Некои луѓе се будат еден ден и се здрави, но никогаш немав таков момент, едноставно престанав да се враќам на старо“, додала таа.
Фото: Принтскрин/Instagram