(ВИДЕО+ФОТО) Анџелина Џоли го освои својот прв „Тони“, поддржана од нејзината ќерка која се откажа од презимето на татко и

Анџелина Џоли ја доби својата прва награда „Тони’, а на доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15), која неодамна и официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко, Бред Пит.
Џоли ја доби наградата за нејзината работа на мјузиклот The Outsiders, кој го продуцираше, додека Вивиен беше асистент продуцент. Имено, The Outsiders е прогласен за најдобар мјузикл. Очите на Вивиен се насолзиле кога режисерката на мјузиклот Дања Тејмор добила „Тони“ за најдобар режисер и во својот говор и се заблагодарила на Анџелина Џоли и рекла дека таа е „една од големите жени кои и помогнале и ја подигнале“, пренесува CNN.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by CBS (@cbstv)


„Ова е мјузикл за семејството и заедницата. Исто така се занимава и со темната страна на животот и сите работи за кои треба да зборуваме“, изјави Џоли неодамна за мјузиклот, кој привлече големо внимание, и поради самата приказна. Како и поради нејзиното учество во него, во периодот кога минувала низ турбулентен семеен период.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Имено, нејзините деца неофицијално се откажале од презимето на нивниот татко Бред Пит, додека едно од нив – 18-годишната Шајло – одлучила тоа да го направи официјално, на суд. Освен Шајло, Захара и Вивиен повеќе не го носат презимето на нивниот татко (за што дознавме преку овој мјузикл), додека браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Бред со години е во конфликт со децата
Пит со години немал никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој сакал да ја брани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И’ покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).

Но, изгледа децата јасно кажуваат на чија страна се.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …