По излегувањето од затвор, Бекер се соочи и со тешки обвинувања од неговата поранешна сопруга Шарли Керсенберг, која тврди дека трикратниот победник на Вимблдон престанал да плаќа алиментација за нивниот син Амадеус. Таа додала дека по ослободувањето не контактирал со Амадеус до Божиќ, кога разговарале цели две минути, а во овој момент не ја знае ниту адресата на која живее.
Два месеци откако излезе од англиски затвор, каде што помина осум месеци поради финансиски прекршоци, поранешниот најдобар светски тенисер Борис Бекер (55) стана ѕвезда на филмскиот фестивал во Берлин, каде што дојде во придружба на неговата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро. Инаку, на еден од најпознатите филмски фестивали во светот премиерно беше прикажан документарниот филм „Бум! Бум! Светот против Борис Бекер“ на американскиот режисер Алекс Гибни за неговиот пат до спортскиот идол и директно до дното.
View this post on Instagram
По излегувањето од затвор, Бекер се соочи и со тешки обвинувања од неговата поранешна сопруга Шарли Керсенберг, која тврди дека трикратниот победник на Вимблдон престанал да плаќа алиментација за нивниот син Амадеус. Таа додала дека по ослободувањето тој не контактирал со Амадеус до Божиќ, кога разговарале цели две минути, а во овој момент не знае ниту за адресата на која живее.
View this post on Instagram
– Затворот не го направи Борис подобра личност. Борис живее во свој свет каде сè се врти околу Борис Бекер. Не сум јас виновна што отиде во затвор. Сам го уништи својот углед – изјавила за Bild, додавајќи дека кавгите започнале откако почнала да се еманципира во бракот и затоа што Бекер лажел за своите финансии. Тие беа во брак девет години, а се разведоа во мај 2018 година, помалку од една година откако Борис прогласи личен банкрот.
View this post on Instagram
По излегувањето од затвор, поранешниот тенисер даде интервју за САТ 1 во кое тврдеше дека е нова личност.
-Тоа беше тешка, скапа и многу болна лекција, но јас преживеав и научив многу од неа, пред се дека ништо не се случува без причина. Излегов од затворот посилен, подобар и посилен од било кога, целосно подготвен за нов почеток. Во затворот бев никој и ништо, човек без име и минато, сведена на бројка – A2923EV. Така ме викаа, а добивав и смртни закани од други затвореници – изјавил Бекер, кој е осуден на 2,5 години затвор, но по осум месеци е ослободен на условна слобода, а веќе не смее да доаѓа во Велика Британија.
View this post on Instagram
Денес живее во Лејмен, каде што живее и неговата мајка, 87-годишната Елвира Пиш, во чии раце плачел од среќа. По излегувањето од затвор, тој се врати во Еуроспорт и доби свое шоу „Matchball Becker“, а ги коментираше и натпреварите на Австралија опен.
Фото: Принтскрин/Instagram