(ВИДЕО) Езеро „проголтало“ автомобили: Туристите ја набљудувале нестварната сцена


На брегот останале уште неколку возила…
Страшна и чудна глетка се случила вчера на Сјеничкото езеро, кога автомобилите потонале пред посетителите.
Имало уште неколку возила на брегот, а луѓето што се нашле таму само ја гледале оваа нереална сцена.
Снимката е направена од Р. Х., кој рекол дека случајно се нашол на местото на несреќата.
„Веројатно белиот автомобил паднал од брегот и удрил во сивиот, па двете отишле во езерото. Мештаните подоцна ги извлекле автомобилите благодарение на нуркачите и многу други локални жители кои дошле да помогнат“, вели овој очевидец.
До местото каде што езерото „ги проголтало“ автомобилите набргу пристигнале и чамци, нуркачи па ги извлекле автомобилите, а најважно е дека немало настрадани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски

Во среда, на 14 мај 2025 година, во Public Room, со почеток во 20:00 часот, …