(ВИДЕО) Ештон Качер гаси пожар во Лос Анџелес: Актерот помага да се надмине огнената стихија

Пожарите веќе трет ден ја пустошат Калифорнија.
Поради нивната бројност, пожарникарите не можат се да постигнат, па секоја помош е добредојдена, а еден од оние кои самите решиле да придонесат за спас на земјиштето и куќите е актерот Ештон Качер.
Ештон е снимен во дворот на куќата на неговиот пријател, продуцент и сценарист Чак Лор, со кого соработувал за време на снимањето на серијата „Два и пол мажи“. Актерот помогнал да се изгасне пожарот кој ја зафатил куќата, користејќи градинарско црево.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


Самиот Ештон поседува куќа во Лос Анџелес, но се уште не е познато дали е зафатена од пожарот.
Меѓу повеќе од 80.000 раселени има и бројни познати личности.
Лејтон Мистер и Адам Броди, Ана Фарис, Рики Лејк, Кери Елвис, Камерон Матисон, Спенсер Прат, Хајди Монтаг, Парис Хилтон потврдија дека нивните домови се уништени, пишува People.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

После пауза од 6 години на сцената на Народниот Театар во Битола повторно ќе биде поставена хит претставата „Кокошка”

По успешното враќање на репертоарот на НУ Народен Театар Битола на претставата “Сомнително лице” на …