Kамерата го снимила моментот на експлозијата.
Настанот наводно се случил кон крајот на август во Санминг, јужна Кина, а според снимките, наводно станува збор за домашен модел, електричниот EX360 од BAIC. Според очевидци, чадот започнал да се шири од автомобилот веднаш штом се поврзал со полначот. Сопственикот повикал пожарникари, кои дошле откако пожарот веќе го зафатил возилото.
И тогаш започнуваат проблемите. Пожарникарите започнаа да го полеваат автомобилот од безбедно растојание, обидувајќи се да спречат понатамошно загревање на батериите и се случила експлозија. Делови од каросеријата летале наоколу, а еден панел од автомобилот го пробил покривот на бензинската станица.
Најновите упатства велат дека пожари на електрични автомобили е оптимално да се гасат со вода. Се предлага залевање со вода што треба подоцна да се собере затоа што е загадена со бројни токсини. Исто така, на крајот, препорачливо е, истите, да ги потопите во базен со вода. Имено, ова значително го скратува времето на ладење на батериите.
https://youtu.be/KWX5aJ63fU8