(ВИДЕО) Едноставно, но необично- Десерт кој ќе ги збогати новогодишните трпези: Направете „очи на свекрва“

Доколку сте љубител на мали колачиња како топчиња, треба да ги пробате таканаречените „очи на свекрва“. Станува збор за многу едноставен десерт, кој најчесто се подготвува за време на новогодишните празници.
Рецептот го најдовме на YouTube каналот Kuvajmo lako каде можете да најдете интересни рецепти.
Состојки:
200 грама суви смокви
50-70 грама јадра од ореви
200 грама мелени ореви
250 грама мелени бисквити
150 грама шеќер
100 милилитри вода
100 грама маргарин
50 грама бело чоколадо (може да користите и други видови)


Подготовка:
За почеток, земете ги смоквите и исечете ги стебленцата. Ставете ги во сад и покријте ги со малку вода и оставете ги 15 минути да омекнат. За тоа време во тавата истурете 100 милилитри вода и 150 грама шеќер. Варете додека не се растопи шеќерот. Кога водата ќе зоврие додадете 100 грама маргарин и 50 грама чоколадо.
Кога маргаринот и чоколадото ќе се растопат, тргнете ги од оган и додадете го мелениот бисквит и 100 грама мелени ореви. Кога смесата ќе се згусне, оставете ја на страна да се излади. За тоа време во секоја смоква ставете половина или четвртина од јадро орев.
Се зема изладената смеса, се обликуваат топчиња и се валкаат во останатите 100 грама мелени ореви. Оставете ги топчињата во фрижидер три до четири часа, а потоа пресечете ги на половина и послужете.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е зачнувањето на Света Ана

Зачнувањето на Света Ана Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот …