(ВИДЕО) Едноставна подготовка – Бисквити, банани и чоколадо: Пробајте колач со совршена кремаста текстура

Комбинацијата од банана, бисквити и чоколадо често можете да ја најдете во колачите, а рецептот кој го донесуваме е идеален за сите прилики, а притоа не бара многу труд за подготовка.
На страната на Марија Бандука на Инстаграм најдовме рецепт за колач со бисквити и банани – едноставен десерт со совршена кремаста текстура и богат вкус.

Потребни состојки:
– 300 грама мелени бисквити
– 130 грама путер
– 135 мл млеко


– 300 грама мелени бисквити
– 4 лажици шеќер во прав
– 5 лажици кисела павлака
– 2 банани
– 200 мл слатка павлака

– 150 мл слатка павлака
– 150 грама темно чоколадо


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Marija Banduka (@little.kiitchen)

Подготовка:
Мелените бисквити (300 грама) измешајте ги со путерот и млекото и смесата намачкајте ја на дното од калапот. Останатите 300 грама бисквити, шеќерот, павлаката и сечканите банани измешајте ги, па додадете го шлагот (200 мл) и соединете.
Премачкајте ја кората и ставете во фрижидер да се лади најмалку 4 часа. Остатокот од шлагот загрејте го додека не зоврие, па додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи. Колачот прелијте го со чоколадо и вратете го во фрижидер да се стегне.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народниот Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во својата објава …