(ВИДЕО) „Еден на Еден“: Тони Михајловски – отворено и искрено!

Отворено, искрено и секако – опуштено интервју ве очекува оваа недела од 18:50 на Канал 5 кога за првпат ќе го гледаме Тони Михајловски во „Еден на Еден“.
Михајловски зборува за улогата во хит серијата „Сенки над Балканот“ и за новото искуство како режисер. Тој одговара и колку неговата гласност на социјалните мрежи и политичка определеност му одмогнале во професионалниот живот и за, како што вели, двојните аршини на јавноста. Жаре не пропушти да го праша и за „Опуштено“, за неговиот приватен живот, за детството и студентските денови…
Се’ на сѐ’ не очекува еден одличен разговор со единствениот Тони Михајловски. Затоа не ја пропуштајте „Еден на Еден“ и оваа недела од 18:50 на Канал 5.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат актер Лазе Манасковски

Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски, филмски …