На социјалните мрежи се појави видео од источна Русија, на кое се гледа како се урива поплавен висечки мост додека го минува камион.
Видеото е снимено во селото Уријум, источно од Москва, а на него се гледа како камион се приближува до дрвениот мост, а потоа се обидува да ја премине неговата тесна и разнишана конструкција.
BRIDGE COLLAPSE: Witness video captures the moment a suspension bridge in Russia suddenly burst and collapsed as a truck was driving across the heavily flooded waters. pic.twitter.com/hnbqpLQJi9
— CBS News (@CBSNews) July 23, 2021
Кога стигнал до средината, конструкцијата, направена да го замени мостот уништен од претходната поплава, започнала да се руши и на крајот се срушила во реката носејќи го возилото со себе. За среќа, возачот преживеал, пренесува Sky News.
Камионот немал толку среќа, ниту селаните, кои сега немаат начин да ја преминат реката и кои ќе мораат да изградат нов заменски мост.
Овој мост не е единствениот кој е оштетен од екстремните дождови во Русија во последните денови, според агенцијата ТАСС, водата однела пет патни моста, додека многу други биле уништени.
Фото: Принтскрин/Twitter