(ВИДЕО) ДРАМА ВО ГРЦИЈА – Спасување на девојче(3) кое ветерот, на душек, ја однел на отворено море: Еве каде биле родителите!

Шокантно видео од тригодишно девојче како „плови“ на отворено море на нејзиниот мал душек во форма на еднорог, се проширило со брзина на молња на социјалните мрежи.
Туристите на една траект биле зачудени од глетката што ја виделе. Имено, вистинската драма и борбата за животот на девојчето се случиле во близина на градот Патра.
За среќа, благодарение на смиреноста на капетанот, сè завршило среќно, но сите се прашувале каде се родителите на ова дете и како му дозволиле да се најде на отворено море, километри оддалечено од плажата. Девојчето се држело за вратот на еднорогот и вистинска среќа е што не паднала во морето. Очигледно не била ни свесна дека е во опасност, затоа што детето дури и’ не плачело кога екипажот ја повлекол на безбедност а потоа ја вратил кај родителите.
Секако, социјалните мрежи биле вжештени од негативни коментари и осуди од неодговорни родители. И главното прашање на социјалните мрежи било: „Каде биле нејзините мајка и тато?“.


Грчките медиуми објавија дека таткото си играл со девојчето кое било на душек. Во еден момент, според очевидец, ветрот го променил правецот и го оттргнал девојчето од рацете на нејзиниот татко и започнал да ја носи кон отворено море.
Сепак, ветрот беил толку силен што никој не бил во можност да дојде до неа! Родителите ги известиле спасувачите и другите органи за сето тоа, кои испратиле два брода во мисијата за спасување. Таткото, откако девојчето било спасено, ја однел ќерката кај психолог, плашејќи се дека доживеала шок, но лекарите ги советувале родителите да ја вратат назад кон морето!
Наскоро таа повторно си играла со пријателите на плажа, очигледно несвесна за опасноста во која се наоѓала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДВА КЛУЧНИ ДАТУМИ ВО ОКТОМВРИ: Подгответе се за големи промени – ќе имате можност да ги победите стравовите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …